Денешните пет комбинации кои се дел од Квотите на денот ако го одиграте заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 35.28. Јонг Утрехт игра против Де Графшап, а кога се работи за мечеви во Холандија, секогаш се очекува да има погодоци, па комбинацијата е да има од еден до три погодоци во првиот дел и 3+ голови на крајот од средбата за да биде добитна квотата од точно два.
Комо е домаќин на Удинезе и не треба да загуби во пресметка на кој треба да има од два до пет погодока. Оваа комбинација е со квота точно два.
Челзи е фаворит за триумф на „Стемфорд бриџ“ против Вулверхемптон и уште во првото полувреме треба да води, а на крајот и да победи во пресметка на која ќе има барем два погодоци.
Вилјареал и Мајорка треба да одиграат дуел на којшто ќе има од еден до три погодоци во двете полувремиња за да биде добитна квотата од 2.10.
Во Португалија, Боависта е домаќин на Кас Пија и тука е потребно да има победник на крајот, а во второто полувреме да нема повеќе од еден гол. Оваа коминација е со квота точно два.