Македонските навивачи тврдат: Бевме апсени поради носење знаме, бараа да платиме 173 евра казна!

Македонија лесно со 29:20 ја победи Гвинеја во меч од третото коло на Светското првенство во ракомет кое ние го играме во Вараждин, Хрватска. Пред овој меч, организаторот најави дека ќе има поригорозни мерки за македонските навивачи кои беа револтирани по мечот со Холандија, кој го загубивме, но очигледно дека малку се претерало во мерките, барем според сведочењата на дел од навивачите кои биле во „Арената Вараждин“.

На социјалните мрежи се појави сведочење на навивач кој тврди дека биле апсени само затоа што го носеле знамето со сонцето од Кутлеш и веднаш им била одредувана казна од 173 евра, и тоа како поблага варијанта од можните 600 евра казна.

Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, преку својот фејкбук-профил веќе реагираше на односот на редарите во салата, а сега и дел од навивачите сведочат за непријатностите што го доживеале за време на дуелот против Гвинеја.

Не треба да се заборави да се истакне дека ако не се македонските навивачи во Вараждин, салата ќе зјае празна.

- Оглас -

Најнови вести