Ќе има голови на дуелите на коишто како гости ќе играат Барселона и Баер Леверкузен

6005 Бенфика – Барселона (21 ч.)

Барселона има пет победи по ред во Лигата на шампионите, ко каталонскиот гигант во домашното првенство е само со една победа во последните осум средби, што доволно зборува за променливата игра.

Бенфика е со добри шанси да продолжи во нокаут-фазата, но секако дека ова ќе биде голем предизвик за нив вечерва. Двата тима негуваат офанзивна игра и тука може да се очекуваат погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ4+ (2.19)

 

6006 Бриж – Јувентус (21 ч.)

Изненадувачки добро игра Бриж во ЛШ, а сега ќе има голем предизвик против италијанскиот гигант. Заедничко за овие два тима е дека играат цврста одбрана, а интересно е дека Бриж само со шест погодоци е најнеефикасна екипа од оние кои моментално се во Топ 24 на табелата.

Бриж во последните 18 средби во сите натпреварувања има дури 15 победи и само три ремија, што само кажува дека белгискиот тим е во одлична форма, но факт е дека Јувентус сезонава во сите натпреварувања има само два пораза.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.02)

 

6003 Слован Братислава – Штутгарт (21 ч.)

Со шест порази во шест меча Слован е на дното од табелата и веќе само формално треба да одработи до крајот на групната фаза. Штутгарт уште верува дека може да се избори за место во нокаут-фазата, но едноставно вечерва мора да победи. Германскиот тим има седум победи во последните осум меча, а во просек постигнува над три гола, што значи дека е во одлична форма.

Предлог тип: 2&2-4 (2.16)

 

6004 Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен (21 ч.)

Ова ќе биде еден од дерби-дуелите на две екипи кои се во врвна форма. Атлетико имаше 15 триумфи во низа, но викендов киксна кај Леганес (пораз од 1:0). Баер Леверкузен има 12 победи по ред и јасно е дека ќе се обиде оваа низа да ја продолжи и по гостувањето во Мадрид.

Предлог тип: 1-3 I & 3+ (2.45)

 

6001 Монако – Астон вила (18:45 ч.)

Двата тима одлично стартуваа во ЛШ, но потоа попуштија во темпото. Монако има дури седум порази, две ремија и само две победи во последните 11 меча во сите натпреварувања, а сега не смее да си дозволи нов кикс, и тоа пред своите навивачи.

Астон вила  е тим кој игра офанзивно, сака да нападне, а тука задоволни би биле и со еден освоен бод.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.82)

 

- Оглас -

Најнови вести