Маркус Рашфорд е на излезна врата од Манчестер јунајтед и новиот стручен штаб предводен од Рубен Аморим не смета на неговите услуги. Интерес за него има од Барселона и од Борусија Дортмунд, а желбата на фудбалерот е да се пресели во Каталонија.
Сепак, таму имаат проблем, и тоа со финансискиот ферплеј. За да го доведат Рашфорд, ќе треба да се ослободат од еден, а можеби и од двајца фудбалери. Тоа се Ансу Фати, кој е прв на списокот на непосакувани кај Каталонците, а потоа и Ерик Гарсија. И тука настанува проблемот. Ниту еден од нив не сака да ја напушти Барселона и да направи простор за нов фудбалер на платниот список.
На крајот се чини дека Маркус Рашфорд ќе мора да ја прифати понудата од Борусија Дортмунд или да ги гледа натпреварите на Манчестер јунајтед од трибините.