Италијанскиот калчолигаш Наполи бара алтернативи откако го продаде Хвича Кварацхелија во ПСЖ. Антонио Конте сака неговиот тим да остане конкурентен во трката за титулата во Серија А и сака во Неапол да го доведе 27-годишниот Белгиец и член на Севиља, Доди Лукебакио.
Оваа сезона тој постигна девет гола во Ла Лига, може да ги покрие двете крилни позиции, а се проценува на околу 20 милиони евра.
Наполи преговара и со Манчестер јунајтед околу можноста Алехандро Гарначо да се пресели во Серија А и да го облече нивниот дрес.