Ливерпул ќе биде одреден период без напаѓачот Диого Жота, откри менаџерот на Црвените, Арне Слот, пред дуелот против Лил од групната фаза на Лигата на шампионите.
„Жота ќе се врати порано од Џо Гомес. Очекувам двајцата да ги обноват тренинзите во рок од неколку недели, а не месеци. Многупати е кажано, последната етапа од рехабилитацијата по повредата е најтешка. Жота има преоптоварен мускул“, изјави Слот.
Менаџерот не откри дали ќе се одлучи повторно да игра со најсилниот состав против Лил или ќе направи ротации, но очекувањата се дека Ливерпул повторно ќе започне со силен тим.
„Ливерпул на секој натпревар оди со иста цел, сакаме да победиме. Нема да биде различно ниту на дуелот со Лил“, посочи Арне Слот.