Манчестер сити го доведе првиот Узбекистанец во Премиер лигата

Абдукодир Хусанов официјално е промовиран како нов фудбалер на Манчестер сити, актуелниот четирикратен шампион на Англија. Младиот стопер, кој дојде од францускиот Лeнс за 40 милиони евра, станува првиот Узбекистанец што ќе игра во Премиер лигата.

Хусанов се смета за еден од најдобрите млади дефанзивци во светот. Многу големи клубови го посакуваа, но тој одлучи да ја продолжи кариерата под водство на Пеп Гвардиола.

Лeнс ќе оствари огромен профит од продажбата на овој млад стопер, бидејќи во летото 2023 година го купи за само 100.000 евра од белорускиот клуб Енергетик.

По само 31 настап за Лeнс, Хусанов беше продаден за 400 пати повисока сума. Тој е роден во Ташкент, Узбекистан, и своите први фудбалски чекори ги направил во тимот Бунјодкор, каде што играл и неговиот татко, Хикмат Хошимов.

- Оглас -

Најнови вести