Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, со својот тим оствари победа од 2-1 против актуелниот германски првак Баер Леверкузен во рамките од седмото коло во Лигата на шампионите. И покрај фокусот на мечот од ЛШ, Симеоне не можеше да издржи, а да не ја продолжи војната на зборови со ривалите од Реал.
Конфликтот почна кога Симеоне изјави дека Реал секогаш има судиска помош, па така било и на дуелот против Селта Виго во Купот на Кралот, кога во првото полувреме не бил досуден пенал за гостите.
На овие прозивки реагираше Анчелоти, но и играчот на Реал, Дани Себалјос. Анчелоти рече дека Симеоне само прави „шоу“, додека Себалјос рече дека Симеоне не може уште да се помири по поразите во двете финалиња во Лигата на шампионите од Реал. Сега повторно следуваше реплика од Симеоне.
„Никогаш не коментирам што мислат моите колеги, едноставно се повикувам на мојата меморија. И кога ќе се погледне наназад на натпреварот со Баерн, на пример, тогашните изјави на Карло беа последица на она што се случуваше на теренот, а не за шоу. Себаљос е ист – кога беше во Бетис, размислуваше поинаку. „Кога беа во друг тим, размислуваа поинаку“, рече Симеоне, потсетувајќи го Анчелоти дека во 2016 година со Баерн испадна од Реал откако Видал доби црвен картон во 84-тата минута, а потоа Реал со играч повеќе постигна три гола во дополнителните 30 минути игра.