Кога се работи за атрактивни голови постигнати со акробации, секогаш првата асоцијација е Бразил. Токму во земјата на петкратниот светски првак беше постигнат гол кој го обиколи светот.
На натпревар од шампионатот Кариока, екипата на Португеса од Рио де Жанеиро на домашен терен ја совлада Мадуреира со 2:1, а победничкиот гол беше постигнат во петтата минута од надополнувањето. И, каков гол!
Еликлеис беше свртен со грб кон противничкиот гол, беше опкружен со неколку противнички играчи, но сепак најде начин со атрактивни ножички да ја испрати топката во голот за делириум кај домашните навивачи. Веднаш по овој победнички гол судијата означи крај на натпреварот.
QUE PINTURA, ELICLEY!
Digno de prêmio PUSKAS. No apagar das luzes, tirando da cartola uma magia.Apreciem! PORTUGUESA 2 X 1 MADUREIRA. #PORXMEC pic.twitter.com/hPV108fV4s
— Portuguesa Rio (@portuguesarjofc) January 19, 2025