Толку работи се поклопуваат, што е дури и нереално: Манчестер јунајтед да биде нов европски првак!

Ако се гледа историјата и традицијата, бесмислено е да се продолжи со играње на мечевите од Лигата на шампионите сезонава, а трофејот треба да му го дадат директно на Манчестер јунајтед. Англискиот гигант минатата недела на неверојатен начин стигна до победа од 3-1 против Пари Сен Жермен на гости и го елиминираше фаворизираниот ривал. Многумина и минатата недела не веруваа дека Манчестер може да го елиминира ПСЖ, па пред реваншот, коефициентот за пласман на англискиот тим во четвртфиналето беше дури 15 во спортските обложувалници на Sport Life.

Тоа беше за првпат во историјата на ЛШ еден тим да оди понатаму, а на првиот меч дома да загубил со 2-0. Во претходните 106 обиди, тоа не му успеало никому. Но, тој пресврт на „Паркот на принцовите“ како да не бил случаен. Има неколку работи кои покажуваат дека Манчестер јунајтед едноставно може да стигне и до европскиот трон, за првпат по 2008 година. Ако не верувате во тоа, еве дел од фактите што кажуваат.

Во 2007 година, Ливерпул загуби во финалето на ЛШ, а следната година Манчестер јунајтед стигна до тронот. Минатата година Ливерпул загуби во финалето од Реал Мадрид, па сега е ред Манчестер да го повтори успехот од 2008 година.

Интересно е и тоа дека Ливерпул во 2016 година загуби во финалето на Лигата на Европа, а следната година Манчестер јунајтед го крена трофејот во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Историјата се сеќава и на други моменти кои не се поврзани само со Ливерпул. Во 1998 година, Франција стана светски првак на Мундијалот, а следната година Манчестер јунајтед ја освои европската круна. Минатата година, точно 20 години по шампионскиот блесок на „галските петли“ во 1998 година, повторно станаа планетарни репрезентативни владетели. Тоа значи дека сега е ред Манчестер јунајтед да ја освои ЛШ.

Во таа 1999 година, Манчестер успеа да се врати од два гола негатива во дуелот против Јувентус и да помине понатаму, исто како што минатата среда успеаја да направат избраниците на Оле Гунар Солскјер против ПСЖ. Солскјер тогаш беше играч на „црвените ѓаволи“, а сега е на клупата на гигантот од „Олд Трафорд“.

Многу работи асоцираат дека Манчестер јунајтед може да биде европски првак, но сепак со овие констатации сигурно не се согласуваат останатите клубови кои се во трка за освојуање на големиот сребрен трофеј.

Денеска и утре се играат четири меча, по кои ќе бидат познати останатите учесници во четвртфиналето, каде што засега сигурни се Манчестер јунајтед, Ајакс, Порто и Тотенхем.

Најдобрите понуди за реванш-дуелите меѓу Јувентус и Атлетико Мадрид и Манчестер сити – Шалке (играат вечерва) и Барселона – Лион и Баерн Минхен – Ливерпул (играат утре), ги имате на понудата на спортските обложувалници на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести