Натпреварот од групата „Ф“ на Светското првенство во ракомет меѓу Шведска и Шпанија понуди многу возбуда и заврши со реми 29-29, иако Швеѓаните имаа и седум голови предност.
Швеѓаните беа далеку подобри во првото полувреме, кога со серија од 5-0 стекнаа висока предност, која ја задржаа до одморот, водејќи со 16-11. Во вториот дел, Шпанија постепено го креваше нивото на играта, ја намалуваше негативата и на крајот стигна до израмнување со голот на Душебајев во последните секунди.
Шведска и Шпанија сега пренесуваат по три бода во втората фаза. Чиле се пласираше понатаму, откако победи со 31-26 против Јапонија.
Во групата „Г“, Исланд го однесе првото место со победа од 23-18 против Словенија, додека Зеленортските острови обезбедија пласман во следната фаза победувајќи ја Куба со 38-28.