Реал Мадрид на свој терен утревечер ќе игра против Салцбург во седмото коло од Лигата на шампиони. Кралскиот клуб е апсолутен фаворит за победа, а и мора да освои три бодови за да не си ја загрози позицијата која води во нокаут-фазата.
Пред мечот со Салцбур, тренерот Карло Анчелоти зборуваше околу најавите дека ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од сезоната. Анчелоти има договор до јуни 2026 година и не само што не сака да си замине порано, туку најавува дека сака да биде на чело на екипата уште многу години.
„Апсолутно не планирам да си заминам од Реал Мадрид. Се надевам дека ќе останам тука во наредните четири години, како што тоа го планира Флорентино Перес. Би било совршено да направиме големо збогување заедно во 2029 година“, рече Анчелоти.