Македонска ракометна експедиција пристигна во „Арената Вараждин“ и подготвени се за еден од најважните мечеви на ова Светско првенство, против Австрија. Ова е прв дуел од главната групна фаза. Австрија пренесе два бода, а Македонија еден, што значи дека со победа ќе се стационираме пред денешниот ривал на табелата.
Пред салата во Вараждин нема многу македонски навивачи како што имаше во првите три меча, но Фалангата секако ќе биде присутна на трибините. Неколкуте македонски навивачи кои ги пречекаа ракометарите пред салата имаа јасна порака до играчите. „Ајде браќа, одиме на победа. Одиме јако дечки, нема предавања, одиме јако“, беше пораката упатена кон ракометарите.