Шокантна беше веста од 15 јануари, денот кога ненадејно почина поранешниот македонски ракометен репрезентативец Александар Јовиќ. Јовиќ претходниот ден професионално го одработил тренингот во РК Пролет, а потоа никој не очекуваше дека може да се случи тоа да биде негово последно дружење со спортот на којшто го посвети целиот свој живот.
Јовиќ во текот на целата кариера као играч и како тренер беше посветен професионалец, а неговиот последен клуб, РК Пролет, направи голем потег. Од РК Пролет потенцираа дека ќе го испочитуваат договорот на Јовиќ до крајот на сезоната.
„Тагата од прераната смрт на нашиот Александар Јовиќ сè уште е огромна и останува непребол за сите членови во нашиот клуб. Затоа, како управа донесовме одлука договорот на Јовиќ што го имаше со РК Тинекс Пролет до крајот на оваа натпреварувачка сезона да биде исплатен на неговото најблиско семејство“, се вели во соопштението на РК Пролет.
За нов тренер на Пролет е назначен Матлиески.