Не остана уште многу време до почетокот на натпреварот помеѓу ракометните селекции на Македонија и Австрија, а салата во Вараждин е празна. Ни приближно ја нема атмосферата која владееше до завчера.
Еден куп празни седишта, тивко, навистина тажно, неспоредливо со тоа што се случуваше. Нашите ракометари ќе имаат скрома поддршка, но ќе ја имаат. Во празна сала и 100-тина навивачи може да значат многу за тимот на овој меч на којшто посакуваме победа.