Лазаров: Горд сум на момците, среќата се заслужува, ја очекуваме

Бодот против Австрија е добар за Македонија со оглед на тоа дека се спасивме од пораз со гол во последна секунда, но можеше да биде и полошо и затоа постои задоволство во нашата ракометна селекција.

„Првите импресии ми се дека може да бидеме задоволни со бодот затоа што дадовме гол на крајот, но може да бидеме и незадоволни, имавме нереализиран пенал на две минути до крај за водство, ако поведевме ќе имавме психолошката предност. Велат среќата се заслужува, веројатно уште ја немаме заслужено. Имавме проблем во одбраната кога Австрија напаѓаше со седуммина. Австрија знае што сака, затоа сум горд, што не паднавме психолошки. И од нашите голмани очекував малку повеќе. Задоволен сум, но жалиме за овие два меча на коишто одигравме реми, а можевме да ги добиеме. Холандија не сакам ни да ја спомнувам“, рече Лазаров, кој денеска не можеше да смета на Јагуриновски, а  Митревски бранеше болен.

- Оглас -

Најнови вести