За првпат во историјата мечеви од групната фаза во Лигата на шампионите се играат во јануари, но ќе остане запаметено дека оваа вечер беше преполна со голови. Ги имаше и смешни, по големи грешки, но и прекрасни.
Во Лисабон, на дуелот меѓу Бенфика и Барселона, голманите не се прославија, падна и смешни погодоци, а мечот заврши 4-5 во корист на каталонскиот гигант. Шченсни немаше свои моменти, но му се реваншираше и голманот на Бенфика во вториот дел.
Павлидис постигна хет-трик за Бенфика, Араухо си постигна автогол, но Левандовски беше двоен стрелец, Рафиња постигна смешен гол, а Ерик Гарсија израмни, по што Рафиња со вториот свој гол донесе триумф од 4-5 за каталонскиот тим.
ПСВ Ајндховен имаше водство од 0-3 во Белград, со двата гола на Лук де Јонг и погодокот на Фламинго, но откако токму тој беше исклучен во второто полувреме, српскиот првак намали преку Ендиаје и Џига. Сепак, триумфот му припадна на ПСВ.
Атлетико Мадрид со пресврт славеше против Баер Леверкузен со 2-1. Хулијан Алварез беше двоен стрелец за шпанскиот тим, откако Хинкапи донесе водство за Фармацевтите.
Болоња ја победи Борусија Дортмунд со 2-1, Ливерпул стигна и до седмиот триумф и има максимален ефект, откако триумфираше против Лил со 2-1, а Клуб Бриж и Јувентус ремизираа без голови. Штутгарт го победи Слован на гости со 1-3.