Чудото што го направи Барселона во Лисабон се случило само еднаш претходно во ЛШ

Барселона трет пат во последните 10 дена постигна пет голови на еден меч, што е вистинска реткост. По победите од 5:2 против Реал Мадрид во Суперкупот на Шпанија и 5:1 во дуелот со Бетис во Купот на Шпанија, сега следуваше ново шоу и победа од 5:4 на гости во Лисабон против Бенфика.

Подвигот на Барселона е посебно значаен затоа што на полувремето Барселона губеше со 3:1, а на 15 минути пред крајот резултатот беше 4:2 во корист на Бенфика. Барселона сепак не се предаде и со три погодоци во последните 15 минути од средбата успеа да направи целосен пресврт и да победи со 5:4.

Со оваа победа од 5:4, Барселона стана само вториот тим во историјата на Лигата на шампиони што примила четири голови, а на крајот победила. Претходно тоа му успеа само на Борусија Дортмунд и тоа на свој терен, кога со убедливи 8:4 славеше над Легија Варшава.

Разликата е тоа што Борусија во 32 минута водеше со 5:2 и имаше сигурна победа. До крајот на дуелот, голеадата продолжи и заврши со 8:4, но Борусија не мораше да брка негатива за да победи како тоа што го направи Барселона во Лисабон.

- Оглас -

Најнови вести