Тепачка во тунелот во Лисабон: Рафиња провоцирал, домаќините го нападнале

Неверојатниот натпревар меѓу Бенфика и Барселона, на кој беа постигнати дури девет гола (4-5) имал и трето полувреме. Емоциите кулминирале во тунелот на патот кон соблекувалните, па се случила и тепачка меѓу фудбалерите на двата тима.

Според информации од Португалија, Рафиња се радувал во тунелот по неверојатната победа, а токму Бразилецот го постигна и победничкиот гол во 96-та минута, и сето тоа било сфатено како провокација.

Домашните фудбалери не можеле да се воздржат и реагирале, а потоа се случила општа мешаница во која ее вклучиле играчите на двата тима. Се размениле и удари, а обезбедувањето имало многу работа за да ја смири ситуацијата.

Мечот во Лисабон беше многу емотивен, а очигледно и после завршувањето фудбалерите не можеле брзо да ги смират нервите.

- Оглас -

Најнови вести