Нури Сахин доби отказ во Борусија, Тен Хаг е фаворит за наследник

Германскиот гигант Борусија Дортмунд го отпушти тренерот Нури Сахин. Оваа одлука на челниците на Милионерите доаѓа по синоќешниот пораз на гостувањето кај Болоња со 2:1, во меч од Лигата на шампиони.

Борусија водеше со 1:0 на полувреме, но во вториот дел прими два гола во само неколку минути и загуби од екипата која најверојатно нема да биде ниту во првите 24 во Лигата на шампиони.

Милионерите сега имаат четири порази по ред во сите натпреварувања, а ако се гледаат резултатите во последните девет средби, Борусија има само една победа.

Како еден од најсериозните кандидати за наследнил на Сахин се споменува Ерик Тен Хаг, кој пред два месеци доби отказ од Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести