Условите во Академијата на ФФМ се мизерни (Видео)

Тажно изгледа животот на младите македонски фудбалери кои се дел од Академијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ако се погледнат условите во коишто егзистираат. Искршен инвентар и искината опрема, како и услови кои се под секое човечко ниво ја отсликуваат реалноста со која се соочуваат младите надежи на македонскиот фудбал.


Овие мизерни услови, секако, не ги заслужува никој, а не пак младите фудбалери кои треба да ја претставуваат иднината на фудбалот во земјата.

Сепак, се најавуваат промени, кои би требало да бидат позитивни, со новата раководна структура во ФФМ, што дава надеж за подобрување на условите за овие млади фудбалери и за развој на фудбалот во Македонија.

- Оглас -

Најнови вести