Наполи понуди 50 милиони евра за Гарначо, но Јунајтед бара поголема сума

Наполи понуди 50 милиони евра, вклучувајќи бонуси, за аргентинскиот офанзивец Алехандро Гарначо. Италијанскиот клуб го гледа Гарначо како идеална замена за Хвича Кварацхелија, кој пред неколку дена се пресели во ПСЖ.

Сепак, Манчестер јунајтед бара поголема сума за младиот играч, кој не се наоѓа во најтесните плановите на тренерот Рубен Аморим.

Освен Наполи, за Гарначо интерес покажува и Челзи, кој веќе контактирал со Манчестер јунајтед и со претставниците на играчот, но сè уште нема испратено официјална понуда.

Гарначо беше стандарден кај претходниот менаџер Ерик тен Хаг, но работите се променија под раководство на Рубен Аморим.

- Оглас -

Најнови вести