Јаник Синер, најдобриот тенисер во светот во моментов, е последниот полуфиналист на Отвореното првенство на Австралија. Италијанецот без никакви проблеми го победи Алекс де Минаур со 3:0 во сетови, и тоа убедливо со 6:3, 6:2, 6:1.
Помалку од два часа траеше отпорот на Де Минаур, кој во текот на целиот меч успеа да освои само шест гема. Следен ривал на Синер ќе биде Американецот Бен Шелтон, кој е на 20-тото место на АТП-листата. Шелтон со 3:1 во сетови го победи Лоренцо Сонего, и тоа 6:4, 7:5, 4:6 и 7:6.
Од претходно во полуфиналето место обезбедија и ќе играат меѓу себе за пласман во големото финале Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев.