Не е за верување: Прогнозерите го сметаат Манчестер јунајтед за фаворит, и тоа на гостински терен во Лондон

Во новото коло на Спортска прогноза повторно има мечеви од најдобрите пет лиги во Европа. Неколку посебно интересни дуели се дел од понудата, па прогнозерите ќе имаат голем предизвик да погодат 13 фикса.

Германскиот првак Баер Леверкузен ќе гостува кај Лајпциг, а речиси 70 отсто веруваат дека шампионот ќе победи. Во италијанската Серија А дербито ќе биде меѓу Наполи и Јувентус. Старата дама е единствен тим без пораз сезонава, а над 50 отсто од прогнозерите очекуваат токму сега да потклекне тимот од Торино и чекаат победа на Наполи.

Во Премиер лига во Англија дербито ќе биде меѓу Манчестер сити и Челзи, а речиси три четвртини од прогнозерите веруваат дека ќе биде „кец“. Разнишаниот гигант Манчестер јунајтед гостува во Лондон на Фулам, а прогнозерите некако делуваат оптимистички расположени кога се работи за Црвените ѓаволи. Безмалку 60 отсто чекаат Манчестер јунајтед да победи кај Фулам.

Како во секое коло така и сега, главен предизвик е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се погодат сите 13 меча од понудата што носи можност да се одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени фиксови следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а 11-ката е со вредност од 500 денари ваучер.

- Оглас -

Најнови вести