Мурињо во Фенербахче донесе врвно засилување, сега може да се нападне и титулата во Турција

Турскиот гигант Фенербахче го доведе едно од најголемите засилувања во клупската историја. Дресот на Фенербахче ќе го облече неодамнешниот дефанзивец на Пари Сен Жермен, Милан Шкринијар.

Репрезентативецот на Словачка веќе е во Истанбул, а од Фенербахче на социјалните мрежи веќе се пофалија со новиот фудбалер.

Во Фенербахче се надеваат дека со Шкринијар во тимот ќе се комплетира клучната алка со која овој тим ќе може да се бори за титулата во домашното првенство. Навивачите на Фенербахче последен пат на шампионскиот пехар се израдуваа во 2014 година.

По 19 одиграни кола во актуелната сезона во Турција, Фенербахче е на второто место на табелата со 45 бода, шест помалку од лидерот Галатасарај.

- Оглас -

Најнови вести