Против Катар одиме на победа, а и реми нема да биде трагедија

Ракометната репрезентација на Македонија важи за фаворит против Катар и ако победиме на денешниот меч во Вараждин од 15.30 часот, може да се надеваме на солиден пласман на конечата табела на Светското првенство кое го затвораме в сабота, против силната Франција.

Шансите за место во четвртфиналето теоретски постојат, но реално тоа е речиси невозможна мисија со оглед на тоа кого го имаме за ривал во последното коло, па борбата со Катар ќе биде за избегнување на последното место во групата.

Ако Македонија победи или одигра нерешено, Катар ќе остане последен во групата, а ние би имале солиден пласман на конечната табела.

„Катар имаше одлични натпревари на Светското првенство. Борбена селекција со многу натурализирани играчи кои прават разлика на теренот. Нè очекува уште еден неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво. Ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат“, рече секогаш претпазливиот селектор Кирил Лазаров.

Денеска во групата 2 се играат и мечевите Холандија – Франција и Унгарија – Австрија.

- Оглас -

Најнови вести