Петте најинтересни натпревари од Лигата на Европа се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Поединечно квотите се движат помеѓу 2.10 и 2.30, но искомбинирани на ист тикет прават одлична квота од 51.4.
Ефикасно се очекува да биде на мечот помеѓу АЗ Алкмар и Рома, а квотата од 2.20 ќе биде добитна само ако во првото полувреме бидат постигнати помеѓу еден и три гола, но и најмалку три на целиот натпревар.
Во Истанбул се очекува Фенербахче да биде ефикасен против Лион. Квотата од 2.30 ќе биде добитна ако домашните постигнат барем еден гол во првото полувреме, но и најмалку два на целиот меч.
Понудената квота од 2.10 за мечот помеѓу Порто и Олимпијакос ќе биде добитна само ако натпреварот не заврши нерешено, но и ако бидат постигнати најмалку три гола.
Лацио е во мала предност против Реал Сосиедад, па квотата од 2.20 ќе биде добитна само ако домашните не загубат во меч на којшто ќе има помеѓу два и четири гола.
Голови се очекуваат и на „Олд Трафорд“, а нив треба да ги постигнуваат домашните фудбалери за да биде добитна квотата од 2.20. Манчестер јунајтед треба да даде помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме против Глазгов ренџерс за да биде и овој меч добитен.