Гвардиола: „Не заслуживме да победиме, ПСЖ беше подобрата екипа на теренот“

Манчестер сити пред две години ја освои Лигата на шампионите, а четирипати по ред го крева и трофејот од Премиер лигата, но оваа сезона може да се случи дури и да не ја мине групната фаза од најелитното натпреварување. Вистинска катастрофа им се случи и на мечот против ПСЖ, кога водството од 0-2 на крајот се претвори во пораз од 4-2.

„Беа подобри, побрзи, ги добиваа дуелите и имаа човек повеќе на средината од теренот. Не можевме да ја следиме нивната брзина. Победи подобриот тим. Нашата последна надеж останува дуелот против Бриж. Се надевам дека ќе ја минеме групата. Натпреварот воопшто не се одвиваше како што сакавме. Честитки за ПСЖ бидејќи тие се фантастичен и неверојатен тим. Требаше подобро да ја контролираме топката, но не го сторивме тоа. Не заслуживме да победиме. Откако поведовме, за да го задржиме резултатот, моравме подобро да ја контролираме играта, а ние не го сторивме тоа. Може дури и да отпаднеме. Ако не го добиеме последниот натпревар, тогаш и не сме заслужиле да поминеме. Немаме доволно бодови и мораме да го прифатиме тој факт. Сега е важно брзо да закрепнеме и да се подготвиме за натпреварот со Челзи“, рече Пеп Гвардиола по поразот од ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести