Познати се финалистите во женска конкуренција на годинешното издание на Отвореното првенство на Австралија. Првата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, ја обезбеди првата финална карта, а изненадувањето го направи Медисон Кис, која во драматичен меч ја елиминира Ига Швјонтек.
Сабаленка во полуфиналето ја совлада шпанската тенисерка Паула Бадоса за еден час и 24 минути игра. Сабаленка уште еднаш ја потврди својата неверојатна форма и победи со 6-4, 6-2 во сетови.
Поголема драма беше забележана во второто полуфинале, во кое се сретнаа 14-тата светска тенисерка Медисон Кис од САД и втората во светот, Ига Швјонтек од Полска.
Мечот траеше два часа, а на крајот триумфираше Кис со 2-1 во сетови.
Првиот сет го доби Швјонтек со 7-5 по голема борба и 50 минути игра. Кис одигра фуриозен втор сет, победувајќи со 6-1 за 27 минути игра, израмнувајќи го резултатот на 1-1 во сетови.
Третиот сет донесе вистинска драма, голема борба, траеше повеќе од еден час, а Кис го доби со 10-7 на поени во тај брејкот за конечни 2-1 во сетови.