Митев: Дојдовме овде да победуваме!

Ракометната репрезентација на Македонија оствари убедлив (39-34) против Катар во претпоследниот меч на Светското првенство. Нашиот национален тим имаше водство во најголем тек од натпреварот, а на крајот стигна до пет позитива.


Марко Митев беше прогласен за најдобар играч на натпреварот, постигна пет гола и беше вистински диригент во нападот на Македонија.


„На натпреварот со Катар одевме на сѐ или ништо бидејќи знаеме дека ова значи многу за Македонија. Нѐ очекува натпревар против Франција, која е фаворит, но ние ќе го дадеме својот максимум. Сите сме дојдени овде за да победуваме, а не да губиме. Драго ми е што го победивме Катар и сакам да се заблагодарам и за поддршката“, изјави Марко Митев.

- Оглас -

Најнови вести