Смешен автогол на „Олд Трафорд“, Манчестер ј. ја доби драмата, четирикратниот европски првак посраметен во Летонија (Видео)

Манчестер јунајтед конечно донесе малку радост на своите навивачи на „Олд Трафорд“ откако со 2:1 славеше над Ренџерс во меч од седмото коло во Лигата на Европа. Откако немаше погодоци во првото полувреме, возбудувањата започнаа во 52 минута кога по еден корнер на домаќините, автогол си даде голманот на Ренџерс, Џек Бaтланд.

Наместо да ја исфрли топката надвор од петерецот, голманот на гостите лошо ја удри топката со рака и таа заврши во мрежата. Смешниот автогол на голманот на Ренџерс може да го видите ТУКА.

Ренџерс стигна до 1:1 во 88 минута кога Хари Мегваер направи кикс, а тоа го искористи Десерс и го израмни резултатот.

Сепак, тука не беше крајот на возбудувањата, затоа што во 90+2 минута Манчестер јунајтед стигна до победа и тоа со голот на Бруно Фернандеш.

Шокантен пораз доживеа четирикратниот европски првак Ајакс и тоа на гости во Летонија од РФС. Мархиев е јунакот на домаќините постигнувајќи го единствениот гол во 78 минута, за сигурно најголемата победа на РФС во клупската историја.

Во останатите мечеви: Ајнтрахт – Ференцварош 2:0, Елфсборг – Ница 1:0, Лацио – Реал Сосиедад 3:1, Лудогорец – Мидтјеланд 0:2, ПАОК – Славија Прага 2:0, Ројал Унион – Брага 2:1.

- Оглас -

Најнови вести