Лајпциг и Валенсија се пред договор за позајмица на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас до крајот на тековната сезона. Со ова тој би се преселил од Бундеслигата во Ла Лига и би му се придружил на Столе Димитриевски на „Местаља“. Договорот е веќе дефиниран и се очекува да биде официјализиран наскоро.
Елмас треба да го засили средниот ред на Валенсија и бил првиот избор, пред Енцисо од Брајтон, кој исто така бил разгледуван како опција за позајмица. Дел од договорот ќе биде и позајмицата на дефанзивецот Јарек, кој ќе замине во Лајпциг до крајот на сезоната.
Елмас оваа сезона одигра само 44 минути во Бундеслигата и 15 минути во Лигата на шампионите во дресот на Лајпциг, под раководство на тренерот Марко Росе.