Карло Анчелоти е еден од најценетите тренери во фудбалскиот свет. Италијанскиот стратег повеќе од две децении успешно ја извршува работата од клупата, а во последните неколку сезони носи многу радости и трофеи за Реал Мадрид.
Токму Реал Мадрид е единствениот клуб од каде искусниот Анчелоти си заминал, а потоа повторно се вратил. Во актуелнот тим на Реал има голем број ѕвезди како што се Килијан Мбапе, Винисиус јуниор, Џуд Белингам, Лука Модриќ, Родриго… но ниту еден од овие не е прв на листата на Анчелоти за најкомплетни фудбалери.
„Валверде е комплетен и многу важен играч за тимот, затоа што може да игра на која било позиција и да одработи совршено. Во денешно време е многу тешко да с епронајде фудбалер како него. Никогаш не ми сугерира на која позиција да го ставам да игра. Без проблеми може да игра и стопер“, рече Анчелоти без да штеди пофални зборови за уругвајскиот репрезентативец во Реал Мадрид.
Валверде во Реал Мадрид стигна како 18-годишен тинејџер и тоа за пет милиони евра од тимот на Пењарол, а потоа покажа дека се работи за исклучиво квалитетен играч кој има стандардно место во Кралскиот клуб.