Ливерпул продолжува со победничката форма во Премиер лигата и лесно дојде до победа над Ипсвич од 4-1. Победникот на „Енфилд роуд“ беше решен уште во првото полувреме, после кое „црвените“ имаа водство од 3-0 со головите на Собослаи, Салах и Гакпо.
Во второто полувреме, Коди Гакпо, погоди уште еднаш за 4-0, а Гревс со гол во 90-тата минута само го ублажи поразот на Ипсвич.
„Црвеините“ сега имаат 53 бода, односно шест повеќе од Арсенал кој се искачи на втората позиција на табелата, откако Нотингем форест доживеа вистински дебакл и загуби од Борнмут со 5-0.
„Топчиите“ во меч на кој имаше два црвени картони, по еден за двете екипи, дојдоа до тешка победа од 0-1 на гостувањето кај Вулверхемптон. Победничкиот гол за Арсенал беше дело на Рикардо Калафиори во 74-тата минута.