Лазаров направи бестрашна војска која гине на терен

Имаше многу критики на сметка на селекторот Кирил Лазаров дека овој состав што играше во Вараждин фалат некои играчи за кои требало да има место, и дека не е репрезентација на Македонија туку „репрезентација на Алкалоид“, но се потврди дека не треба предвреме да се осудуваат одлуките.

Во составот на Лазаров има играчи само од три клуба, Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, нема ниту еден што настапува во странство во моментов.

Овие играчи немаат комплекс од никого, не се плашат од никого, и тоа е предуслов за подобри резултати на големите натпреварувања. Веруваат во себе, а што е најважно имаат квалитет кој допрва треба да исплива на површина.

Одигравме вкупно шест меча, забележивме две победи, два пати одигравме нерепено и два пати загубивме, а на крајот гола разлика ни беше во плус два погодоци, што само зборува дека бевме конкурентни на секој натпревар. Имаше неколку тесни мечеви, секој од нив беше лекција, и кога овој тим ќе собере повеќе искуство, може да бидеме оптимисти за иднината.

 

- Оглас -

Најнови вести