Атлетико не победи ниту против Виљареал, па сега „кралевите“ имаат шанса да се одлепат (Видео)

Атлетико Мадрид и втор првенствен натпревар по ред не успеа да победа, па после неочекуваниот пораз од Леганес со 1-0 минатото коло, сега кикснаа и на домашен терен против Виљареал.

„Јорганџиите“ одиграа само 1-1 против Виљареал, но гостите имаа водство со голот на Морено од пенал во 29-тата минута. Сепак, Самуел Лино со гол во 58-мата минута израмни на 1-1 и ја спаси својата екипа од пораз.

Атлетико Мадрид сега дојде до биланс од 45 бода и останува со негатива од еден бод позади Реал Мадрид, кој против Ваљадолид има шанса да се одлепи на врвот.

- Оглас -

Најнови вести