Барселона беше најбрза и најконкретна во трката со гигантите за ангажман на Матајс де Лихт и како што објави Радио Каталуња, ќе го има во своите редови од следната сезона.
Потписот на 19-годишниот суперталентиран стопер на Ајакс ќе ја чини Барса 70 милиони евра, а Де Лихт доаѓа на „Камп ноу“ во пакет со соиграчот Френки де Јонг. И со него работата е завршена, има договор со Барселона, па само треба и официјално да се потпише договорот.
Де Лихт веќе има одиграно над 100 натпревари за Ајакс, учествуваше во елиминацијата на актуелниот европски првак Реал Мадрид, а одигра и 13 мечеви за селекцијата А на Холандија.