Леверпул лесно дојде до нова победа во Премиер лигата и го победи Ипсвич на домашен терен со 4-1. После мечот, тренерот на „црвените“, Арне Слот, одговараше на прашањата на новинарите, но едно од нив го изненади холандскиот стратег. Еден од новинарите го праша Слот за играта на Мохамед Салах без топка, односно за неговата помош во дефанзивата.
„Мило ми е што ме прашавте за неговата дефанзивна работа, бидејќи најчесто прашањата се за неговите голови или за преговорите за новиот договор. Денес сепак ќе се фокусираме на она што го направи без топка. Кога се губи топка, многу е важно да се реагира, посебно против екипи кои имаат брзи крила и напаѓачи. Салах денес со својот ангажман во фазата на враќање на топката помогна на тој начин што можевме да го контролираме натпреварот.“ – рече Слот.
Ливерпул има шест бода предност пред Арсенал, но и натпревар помалку, одложениот против градскиот ривал Евертон.