Лазаров проговори за својата иднина како селектор на Македонија

Светското првенство во ракомет е завршено за Македонија, малку фалеше за четвртфинале што ќе беше огромен успех, но тимот на Кирил Лазаров го обели образот на шесте меча.

Лазаров стана селектор додека на чело на Ракометната федерација на Македонија е Живко Мукаетов, а во март РФМ ќе добие нов претседател, па останува отворено прашањето дали Лазаров ќе остане на чело на националниот тим.

„За господинот Мукаетов имам само пофални зборови. Голема благодарност до него, даваше поддршка и во добрите и во лошите моменти кои ги имавме. Тој го сака спортот. Не се предаде ниеднаш и во успеси и во неуспеси. Таков човек ќе му фали на македонскиот ракомет“, рече Лазаров.

„За мојата иднина како селектор треба да размислиме и да видиме како и што планираат новите луѓе, си имам визија и стратегија, и ако се заинтересирани, сас сум тука за Македонија и секогаш ќе бидам, во една или друга улога. Многу пати сум потврдил дека сум бил тука кога требало. Кој и да биде, треба да работи за најдоброто на спортот број 1 во Македонија, ракометот“, вели селекторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести