Дебитантот Галевски пресреќен: „Чувството е фантастично, ова е остварување на сонот“

На мечот против Франција, за репрезентацијата на Македонија дебитираше младиот голман Иван Галевски. Тој ги забележа првите минути на Светското првенство во Вараждин, а како што вели, тоа е остварување на сонот за сите што тренираат ракомет.

„Игравме со една велесила како Франција. Уживање беше да се биде дел од овој натпревар. Мене ми беше чест и задоволство што бев дел од ова Светско првенство и ги добив првите минути. Чувството е фантастично. Ова е сон за секој што тренира ракомет. Сите го дадовме макисмумот. Игравме со срце за Македонија. Можеме да жалиме за бодот со Унгарија, но и против Австрија, но сигурен сум дека после ова Светско првенство ќе бидеме многу поискусни за наредното Европско првенство.“ – рече Галевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести