Милан победи, но по мечот ќе се степаа тренерот и капитенот на Росонерите (Видео)

Милан трет пат во само 20-тина дена победи и тоа со пресврт во завршницата на мечот. Откако со пресврт се радуваа над Јувентус и Интер во дуелите од Суперкупот, денеска направија пресврт против Парма во Серија А.

Росонерите губеа со 1:2 до 90+1 минута а потоа се случи пресврт. Со голови во 90+2 и 90+5 минута стигна до победа од 3:2. Сепак, тоа што е чудно е дека по завршување на мечот, имаше инцидент и тоа меѓу тренерот Сержо Консеисао и капитенoт Давиде Калабрија.

За среќа, веднаш реагираа останатите фудбалери на Милан кои ги раздвоија лутите Консеисао и Калабрија. Капитенот беше заменет во 77 минута кога резултатот беше 1:1.

Головите од овој интересен меч може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести