Она што веќе извесно време се знаеше, денеска доби и официјална потврда, годинешниот фајналфор на кошаркарската Евролига ќе се игра во градот Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати.
При потпишувањето на договорот, како промотори се појавија неколку славни имиња на европската кошарка, како: Владе Дивац, Тони Кукоч, Дино Раѓа, Тео Папалукас, Руди Фернандез, секако, и Дејан Бодирога, кој е претседател на Евролигата.
Ова ќе биде првпат во 25-годишната историја на Евролигата по одвојувањето од ФИБА, финалниот турнир на кој четири тима се борат за клупската титула во Европа, да се игра надвор од Европа.
Фајнал-форот ќе се игра на 23 и на 25 мај во модерната „Етихад арена“, која има 12.000 седишта.