Нигерискиот напаѓач Виктор Бонифејс е во завршни преговори со саудискиот Ал-Наср и наскоро може да му стане соиграч на Кристијано Роналдо и Садио Мане.
Бонифејс го пропуштил денешниот тренинг откако челниците на Ал-Наср пристигнале на преговори со понуда која не може да се одбие. Наводно, клубот од Саудиска Арабија е подготвен да плати 50 милиони евра за неговиот потпис.
Ова ќе биде голем удар за тренерот Чаби Алонсо бидејќи Бонифејс е најдобриот стрелец на Фармацевтите од Леверкузен. Бонифејс има само 24 години и изненадувачки е што на оваа возраст сака да ја напушти најголемата фудбалска сцена, а тоа е играње во топ европски клуб. Но, арапските клубови често ги преплаќаат играчите и овој тренд продолжува, па многумина не може да одолеат.