Фудбалот ја чека промоцијата на новата атрактивна селекција: Имаме 5.600 фудбалери, технички сме добро подготвени

„Моменталната ситуацијата на фудбалот на Гренланд е исклучително добра. Тоа е далеку најпопуларниот спорт. Имаме играчи од сите возрасти и во двата пола. Сакаат да играат на сите видови подлоги и во сите временски услови. Имаме 5.600 регистрирани фудбалери и се вбројуваме меѓу земјите со најголем број фудбалери по глава на жител“, вели Кенет Клест, кој е претседателот на КАК, локален фудбалски сојуз.

Што се однесува до подлогата, природната трева е ограничен ресурс на Гренланд, но затоа има изградено 18 терени со вештачка подлога. Клест потенцира дека предност за овие играчи е тоа дека се навикнати да играат на сите временски услови и дека играат технички солиден фудбал.

Фудбалската федерација на Гренланд минатата година поднесе барање за приклучување на КОНКАКАФ зоната, а сега очекуваат позитивен одговор, и тоа со помош на Судот за спортска арбитража.

Проектот на Гренланд да биде признаен како рамноправен член на ФИФА е започнат уште пред 10 години и тие се убедени дека ги имаат исполнето сите услови, па затоа се надеваат дека сега е дојдено време тоа да се оствари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести