Легендарниот фудбалер Зинедин Зидан, кој имаше блескави моменти и како фудбалер, но и како тренер на Реал Мадрид, го кажа своето мислење за тоа кој играч ќе доминира во светскиот фудбал во следните неколку години.
Зидан, кој има 52 години и се памети како еден од најдобрите на сите времиња, двапати беше беше тренер на Реал Мадрид и го предводеше тимот до три титули во Лигата на шампионите. Запрашан за тоа дали гледа играч кој може да го достигне или дури и да го надмине, Зидан веднаш знаеше чие име да го каже.
„Мбапе. Тој сега е во Мадрид и знам дека сите ќе ги надмине. Ова сега е само почеток“, оптимистички коментираше Зидан за неговиот сонародник.
Килијан Мбапе ја има првата сезона во Реал Мадрид и во 31 натпревар сезонава, вкупно има биланс од 21 гол и три асистенции. Реал Мадрид на последниот меч победи со 3:0 на гости кај Валјадолид, а токму Мбапе го постигна првиот хет-трик во дресот на Реал Мадрид.
Зидан моментално не работи никаде, а тој не ја крие амбицијата дека еден ден сака да биде селектор на Франција, што значи дека може да се случи еден ден да биде тренер на Мбапе.