Борусија Дортмунд го сака Ралф Рангник за нов тренер

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд го посакува Ралф Рангник за нов тренер на тимот откако претходно се раздели со Нури Шахин поради лошите резултати од стартот на сезоната. Според информациите од германските медиуми, раководството на клубот води тајни разговори со Рангник за да ја испита можноста тој да го преземе тимот во наредниот период.

Сепак, пречка за тоа е фактот дека Ралф Рангник е актуелен селектор на Австрија и има валиден договор до крајот на 2025 година. Оттаму, мали се шансите Рангник веднаш да ги преземе Милионерите, но можно е да се согласи на подоцнежна соработка.

Како најсериозен кандидат за тренерската позиција се споменува Нико Ковач.

- Оглас -

Најнови вести