Патрик Доргу, кој досега го носеше дресот на Лече, ќе му се приклучи на Манчестер јунајтед. Преговорите за трансферот на Доргу на „Олд Трафорд“ се во завршна фаза и англискиот гигант ја доби битката со Наполи, кој исто така се интересира за услугите на фудбалерот на Лече.
Лече и Манчестер јунајтед постигнале договор за трансфер вреден 30 милиони евра, плус 7,5 милиони евра во вид на бонуси. Ова ќе биде најголем трансфер во историјата на Лече.
Засега најмногу пари од продаден фубалер Лече има заработено за Мортен Јулманд, кој беше продаден во Спортинг Лисабон за 19,5 милиони евра. Лече за Мирко Вучуниќ доби 17,75 милиони евра од Рома, а Милан Понграчиќ замина во Фиорентина за 15 милиони евра.
Лече е тим кој сезонава игра слабо во Серија А и по 22 одиграни кола, има освоено само 20 бода. Моментално се наоѓа на 18-тото место, кое е во зоната за испаѓање.