Вардар потпиша со Мато од Брера

Касим Рогерс Мато од денеска е нов играч на ФК Вардар. Мато, кој има 21 година, доаѓа од тимот на АП Брера Струмица, со која играше во есенскиот дел од сезоната, каде што се истака како еден од најдобрите на теренот.

Младиот 21-годишен Мато игра на позицијата крилен напаѓач и треба да биде засилување за Црвено-црните во пролетниот дел од сезоната. Освен Вардар, за Мато се интересираше и Шкендија, но Вардарци ја добија оваа „битка“.

Договорот меѓу Вардар и Мато е потпишан во Анталија, каде што најтрофејниот македонски тим се наоѓа на подготовки пред стартот на вториот дел од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести