Јунакот на Хрватска: Испивме 200 апчиња во последните неколку дена

Марин Шипиќ е новиот спортски херој на Хрватска откако беше стрелец на победничкиот гол за победа од 31:30 против Унгарија во четвртфиналето на Светското првенство. Хрватска губеше со 26:30 на шест минути до крајот, но со неверојатна завршница и серија од 5:0 стигна до победа и пласман во полуфиналето на Мундијалот.

„Не знам дали сум свесен за тоа што направивме. Кога бев исклучен во 54-тата минута, не знаев како ќе се спасиме. Си помислив: ‘Само не дозволувај Пешиќ да прими гол.’ И не прими. Премногу ми значи ова. Испивме веројатно 200 бруфена во последните неколку дена само да можеме да истрчаме на теренот, да играме, да се бориме. Сите се преморени, но мораа да дадат сè од себе“, вели Шипиќ.

Што се однесува за клучниот момент на мечот, Шипиќ знаел дека морало брзо да реагира.

„Знаев дека имам малку време и дека морам да шутнам што е можно поскоро. Ме потсети кога Жељко Муса постигна гол за финалето во 2020 година. Мојот погодок не значи дека имаме медал“, вели Шипиќ.

- Оглас -

Најнови вести