Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов беа во центарот на вниманието во финишот на дуелот Франција – Египет на ракометното светско првенство. Франција се пласира во полуфиналето откако славеше со 34:33 и тоа со гол постигнат буквално на 0,3 секунди до крајот од мечот.
Начевски и Николов беа смирени во овие драматични моменти, а на крајот исправно решија да гледаат повторена снимка од последниот шут на Лука Карабатиќ. На снимката се гледа дека шутот на Карабатиќ е доволен за топката да ја помине гол-линијата на 0,3 секунди до крајот, па Николов покажа дека погодокот е признат и дека Франција победи.
Драматичниот финиш може да го видите ТУКА.